Џорџ Р.Р.Мартин

Џорџ Рејмон Ричард Мартин — американски писател на романи и раскази во жанрот на фантазијата, хоророт и научната фантастика. Истовремено сценарист и телевизиски продуцент. Најпознат е по меѓународно популарниот серијал романи во жанрот на епската фантастика, Песна за мраз и оган, подоцна адаптирана на HBO во телевизиската серија Игра на тронови.