o

Политика на приватност

Политика на приватност

Вашата нарачка е целосно безбедна!

Во Друштво за производство, трговија и услуги ТОПЕР ДООЕЛ Скопје ја цениме вашата приватност, затоа за вашите податоци се грижиме исклучително внимателно. Сите посредувани информации се сигурни, ние нема да ги отстапиме на трета страна под никакви околности, што обезбедува целосно сигурно и безбедно работење и соработка со ТОПЕР ДООЕЛ Скопје.

Заштита на приватност на податоците

За успешно да ја обработиме вашата нарачка, потребни ни се вашето име и презиме, адреса, електронска пошта (e-mail) и телефон. Со помош на овие податоци ќе бидеме во можност да ви ги испорачаме посакуваните производи, како и да ве информираме за тековниот статус на нарачката.

ТОПЕР ДООЕЛ Скопје ќе ги користи вашите лични податоци исклучиво за целите на техничка администрација на веб-сајтот, за да ви овозможи пристап до специфични информации или за комуникација со вас. ТОПЕР ДООЕЛ Скопје нема да ги продаде податоците кои ги поседува на трети лица, ниту на пазарот. Вработените во ТОПЕР ДООЕЛ Скопје се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.

Никогаш и на кој било начин нема да ги злоупотребиме вашите приватни информации.

Нема да ги пренесеме вашите податоци за контакт на трети лица, освен ако тоа не е побарано од нас со закон.

Покрај горенаведеното, собираме, анализираме и обработуваме податоци за производите што ги бараат и купуваат нашите посетители, како и на страниците што ги посетуваат. Овие податоци ги користиме за да ја подобриме понудата и изгледот на нашата страница и да ви овозможиме поедноставно користење, побезбедно и поудобно купување.

Колачиња

Нашата интернет страница www.toper.mk користи колачиња (cookies) за да ви помогне да го прилагодите користењето на интернет на вашите потреби.

Колачето е текстуален фајл што е сместен на вашиот хард диск од страна на веб серверот. Колачињата не можат да се користат за да стартуваат некој програм или да испорачаат вирус до вашиот компјутер.

Колачињата ви се единствено доделени вам и можат да бидат прочитани единствено од страна на веб серверот во доменот што ви ги испратил вам. Една од основните цели на колачињата е да обезбедат погодности што вам ќе ви заштедат време.

Согласност и промена на условите

Користењето на нашите услуги подразбира согласност од корисникот со наведените услови за користење. ТОПЕР ДООЕЛ Скопје се обврзува дека ќе се придржува на сè што е погоре наведено, а сите промени на условите ќе станат важечки само по објавувањето на ова страница и праќање на известување преку електронска пошта (e-mail) до сите регистрирани корисници.