landing-2-image-12

За нас

За Toper

Издавачката куќа “Топер” егзистира уште од 1992 година.Нејзин раководител од самиот почеток е Томислав Станојевиќ, а брои 12 вработени. “Топер” во Скопје има 4 книжарници на атрактивни локации, а изданијата на “Топер “ можат да се најдат и во преку седумдесет други продажни места низ Републикава. Основна дејност на “Топер” е издавање литература за деца, и тоа преку картонски сликовници за најмладите до енциклопедиски изданија за деца и возрасни. “Топер” , како еден од најконкурентните издавачи на пазарот кај нас, се води од идејата на нашата читателска публика секогаш да и понуди најквалитетни изданија од повеќе области, за да нашите читатели имаат широк избор од профилираната понуда.

Покрај белетристика, класична книжевност, прирачници, наслови од популарната психологија, сликовници и книги за деца, едукативни книги, речници, посебно место заземаат бројните енциклопедиски изданија.

Во последните 3-4 години “Топер” интензивно работи литература за деца и на албански јазик.

Освен топеровите изданија, во книжарниците на “Топер” можат да се најдат преку 3000 наслови увезени од Србија, Хрватска и Англија.
Како една од водечките идеи на “Топер” е цените на нашите изданија да бидат прифатливи и достапни, а квалитетот и дизајнот на книгите да биде секогаш на врвно место.

“Топер” во своето издаваштво има наслови кои ќе најдат читатели во сите генерации и структури на луѓе, што е традиција која ќе настојуваме да ја сочуваме и во наредните години и да ја збогатиме со нови изданија од самиот врв на светската литература!

Вработување

Доколку сте упорни, вредни и амбициозни, ве покануваме да бидете дел од нашиот тим. Ве молиме да ги пополнете полињата наведени подолу, а ние ќе ве контактираме веднаш штом ќе се појави потреба за нови вработени.

Контакт форма полиња