g

Замена и рекламација

Замена и рекламација

Производот може да се замени со друг во законскиот рок, под услов да не е оштетен и користен, а трошоците за враќање ги презема купувачот. Купувачот може и не мора да ги наведе причините за замена.
Замената мора да се изврши во законскиот рок од 15 дена од денот на приемот на пратката.
Во случај на отстапување од наведената спецификација или дефект, се обврзуваме да ви го замениме производот со исправен, а сите трошоци ги презема продавницата www.toper.mk. Гаранцијата не важи во случај на дефект настанат како последица на неправилна употреба.
Во случај на замена на производ за друг, продавачот е должен да ја изврши замената доколку тој производ го има во своите резерви. Доколку купениот производ за кој се бара замена го нема во резервите, продавачот е должен да го замени производот со друг по желба на купувачот, со евентуална доплата или враќање на разликата во цената. Во случај да не постои можност за замена, продавачот е должен да му ги врати парите на купувачот, а трошоците за враќање ги презема купувачот.
За прифатените рекламации, продавачот www.toper.mk ги презема сите трошоци за транспорт.

Рекламација на производител

Доколку не сте задоволни од производот купен во нашата интернет продавница, вашата рекламација ќе ја решиме во најкраток можен рок. Ако воочите дека производот што сте го купиле е неисправен или не сте задоволни од него, ве молиме контактирајте нè на следниот начин:
Пратете ни информации со бројот на нарачката или вашето корисничко име и описот на рекламацијата преку електронска пошта (e-mail) на eshop@toper.mk или на телефонскиот број +38923228418 или преку социјалните мрежи.
Врз основа на вашиот опис на рекламацијата, ќе ви одговориме со информации за тоа:
– дали производот може да се замени со нов,
– дали за производот можат да се вратат парите,
– дали може да се најде некое друго решение на проблемот.

Во случаите кога производот може да се замени со нов и кога за производот можат да се вратат парите, на вашата адреса ќе пратиме курирска служба, која ќе го преземе рекламираниот производ и ќе го врати во нашиот магацин. Кога производот ќе се врати назад, ќе ви пратиме известување за враќање на парите или за праќање на заменски производ. Повратот на парите или замената за нов производ ќе се изврши во рок од 15 дена. Во спротивно, контактирајте нè по телефон или електронска пошта.

Рекламации за оштетувања при транспорт

Многу е важно сите оштетувања при транспорт, видливи на пакувањето на производот, веднаш да ги пријавете на курирот кој ви ја испорачал робата. Секое оштетување при транспорт купувачот е должен да го пријави во рок од 24 часа од приемот на производите.
Доколку воочите такво оштетување, немојте да потпишете прием на пратката или замолете го курирот да почека додека да проверите дали оштетувањето на пакувањето предизвикало и оштетување на самиот производ или губење на делови. Доколку производот не е оштетен, и сите делови се на број, потпишете прием на пратката.

Рекламации на податоци или погрешен вид производ

Доколку сте ја примиле пратката и по отворањето на кутијата сте воочиле дека испорачаните производи не одговараат на нарачаните или податоците на фактурата не се соодветни, ве молиме најдоцна во рок од 24 часа од моментот на приемот на пратката да се јавите на телефонскиот број +38923228418 или да пратите електронска порака (e-mail) со своите податоци (име, презиме, телефон) на eshop@toper.mk и да опишете каков проблем имате.
Во најкраток можен рок, ќе му одговориме на потрошувачот на поднесената рекламација по електронски пат (e-mail) и ќе го известиме за понатамошно постапување.
Рокот за одговор на рекламацијата е 8 дена, а за решавање на рекламацијата е 15 дена од моментот на пријава на истата.

Поврат на средства

Контактирајте нè со повик на телефонскиот број +3893228418 или пратете ни електронска порака (e-mail) на адресата eshop@toper.mk со информации за бројот на вашата сметка/испратница, вашиот ЕМБГ (по избор), бројот на денарската сметка и назив на банка во која ја имате наведената сметка.
Кога ќе ги пратите потребните податоци, ќе биде креирана документација што ќе ви биде проследена со процедурата за поврат на средства на електронска адреса што ја имате оставено при креирање на нарачката.
Поврат на средства се врши исклучиво на горенаведениот начин, со уплата на дeнарската сметка и нема можност да се праќаат пари по курир во готово.
Во случај на враќање на производ или поврат на средства на купувачот, кој претходно извршил плаќање со некоја од платежните картички, делумно или во целост, а без оглед на причината за враќање, toper.mk има обврска да го изврши повратот по пат на VISA, MC
и Maestro метод на плаќање. Тоа значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.
Нарачаниот артикл, без претходен контакт и договор со операторите во онлајн продавницата, како што е наведено погоре, не можете да го пратите на адресите наведени на сметката-испратницата.
Секој таков пакет ќе му биде вратен на испраќачот на трошок на испраќачот.