j

Купување и испорака

Купување и испорака

Купувањето на нашиот сајт е овозможено за регистрирани и нерегистрирани купувачи. За да се регистрирате, потребно е да ги пополните полињата на страницата РЕГИСТРАЦИЈА, а потоа следете ги упатствата што ќе ви пристигнат на електронската адреса (e-mail) што ја имате оставено.

Процес на купување

Кога ќе го пронајдете производот (производите) што го сакате, потребно е да ја изберете количината и да кликнете на копчето ДОДАЈ ВО КОШНИЧКА.

Кога ќе завршите со изборот, со клик на МОЈА КОШНИЧКА во горниот десен агол се отвора страница со преглед на сите нарачани производи и полиња што треба да се пополнат, со цел пратката да стигне на посакуваната адреса.

Потоа, изберете начин на плаќање, а доколку имате некоја забелешка, можете да ја внесете во полето наменето за коментар.

Со клик на копчето ПОТВРДИ, потврдувате дека се согласувате со условите за купување и вашата нарачка влегува во процедура на обработка. На електронската адреса што ја имате внесено ќе добиете електронска пошта (e-mail) за потврда за успешно купување, како и сите известувања за промените во статусот на вашата нарачка.

Начини на плаќање

Производите што сакате да ги нарачате преку интернет продавницата можете да ги платите на повеќе начини:

  • со готовина во моментот на испораката,
  • со платежни картички во текот на процесот на купување на сајтот.

Плаќање при испорака

При преземањето на пратката што претходно сте ја нарачале преку нашата веб-страница www.toper.mk, плаќањето на нарачката се врши исклучиво во готовина во денарска валута на курирот на нашата партнерска курирска служба.

Плаќање со картички

Својата нарачка можете да ја платите користејќи Visa, Visa Electron, MasterCard, Amex или Maestro платежна картичка. Картичката мора да биде одобрена од страна на банката издавач за онлајн (интернет) плаќање. При онлајн нарачувања, со избирање на соодветен начин на плаќање ќе бидете пренасочени на страницата на банката Комерцијална Банка АД Скопје која е заштитена и безбедна за ваков начин на плаќање.

Во ниту еден момент податоците за вашата платежна картичка не се достапни на нашиот систем.

На оваа страница е потребно да ги внесете следниве податоци: број на картичката, датум на истекување, CVC2/CVV2 код, кои можете да ги прочитате од

Вашата картичка.

При внесување на податоците за платежната картичка, доверливите информации се пренесуваат по пат на јавна мрежа во заштитена (криптирана) форма со употреба на SSL протокол и PKI систем, како моментално најсовремена криптографска технологија.

Сигурноста на податоците при купување, го гарантира процесорот на платежни картички, па така комплетниот процес на наплата се извршува на страницата на банката.

Во ниту еден момент податоците за платежната картичка не се достапни на нашиотсистем.

*Внесувањето и проверката на податоците исклучиво се врши помеѓу корисникот на картичка и банката, а интернет трговецот нема увид во податоците што се разменуваат.

Плаќање не е можно во странска валута, туку исклучиво во валута МКД. Плаќање е можно со платежни картички на домашни и странски банки.

Купувачот кој ја користи услугата онлајн плаќање со картички преку www.toper.mk мора да ги исполнува следниве услови:

  • Испорака на производите е можна само на територија на Република Северна Македонија на адресата наведена во нарачката.
  • Само сопственикот на платежната картичка може да изврши плаќање.

Услови и рок на испорака

По потврдниот мејл, нарачката влегува во статус на обработка. 

Периодот за обработка на нарачката е од 3 до 5 работни дена. За сите нарачки направени во петок и за време на викенд, периодот за обработка започнува првиот работен ден од следната работна недела. Од тој момент, рокот на испорака е од 3 до 5 работни дена

Преземање на пратката

Курирската служба (надворешна компанија што врши испорака на производите за нас), ќе ве контактира па ќе ви ја испорача пратката на адреса.

Ве молиме, осигурете се да одговорите на пораката или повикот од курирската служба. При преземањето на пратката, потребно е визуелно да го прегледате пакетот за да нема видливи оштетувања. Доколку забележите дека транспортната кутија е значително оштетена и се сомневате дека производот може да биде оштетен, одбијте го приемот на пратката и веднаш известете нè, со јавување на телефонскиот број 02/3228418 или преку електронска пошта eshop@toper.mk. Доколку пратката е навидум неоштетена, слободно преземете ја пратката и потпишете се на испратницата на курирот. 

НАПОМЕНА: Курирската служба врши достава само до прва влезна врата, и може да Ве почека максимум 15 минути.

Цена на испорака

Испораката до домашна адреса за сите нарачки чиј износ е 1000 денари или повеќе е бесплатна. Доколку вредноста на нарачката е помала од 1000 денари, цената на испорака ќе биде 150 денари со вклучен ДДВ.

ЗАБЕЛЕШКА: Со потврдување на нарачката, со клик на копчето ПОТВРДИ, се согласувате со условите за испорака.