landing-2-image-12

Најчести прашања

Најчести прашања

 

Внесов погрешни информации за себе и дури подоцна ја увидов грешката. Како можам да го поправам ова?

Вашите информации можете да ги менувате кога ќе се најавите на нашата страница со вашето корисничко име и лозинка и ќе пристапите на страницата „Мој профил“. На ова место, можете да промените и други лични податоци, да ги прегледате вашите нарачки, нивните статуси и омилените производи.

Нарачаниот артикл не е исправен?

Во случај кога артиклот не е исправен, ве молиме да нè контактирате по електронска пошта во најкраток можен рок. Пред да го сторите тоа, детално проверете ја содржината на пакетот и проверете дали се работи за физичко оштетување предизвикано од несоодветен транспорт или се работи за некој друг дефект. Сите артикли што се продаваат преку нашата онлајн продажба се нови, во оригинално пакување и подлежат на гаранција наведена во описот и карактеристиките на артиклот. Таквите артикли ќе ги замениме или ќе извршиме поврат на средствата во зависност од вашата одлука.

Ако оштетувањето е предизвикано од несоодветно ракување, што е спротивно на правилата наведени во упатствата за артиклот, нашата продавница нема никаква одговорност и не е обврзана да го замени или да исплати паричен надоместок за артиклот.

Дали купениот производ може да се замени во некоја од книжарниците?

Не, доколку сакате замена на нарачаниот производ мора да не контактирате преку електронска пошта или да не побарате на +38923228418 и да ја чувате фискалната сметка која ја имате добиено заедно со нарачаните производи.