Весели зборчиња – Насмеани дечиња

199.00 ден

Купете го овој производ и добијте 2 поени!

Опис

Драги мама и тато,

во вашите раце ја држите најшарената зборуванка.

Ако сакате вашето дете да има правилен говор односно правилен изговор на гласовите од нашиот мајчин јазик – ТОГАШ ОВА Е ПРИРАЧНИК ЗА ВАС!

Внатре ќе најдете совети и вежби за правилна артикулација на гласовите со кои децата најчесто имаат тешкотии при изговорот.

Но… овој прирачник е многу повеќе од тоа. Ќе ви помогне да го зголемите фондот на зборови на вашето дете, да составувате  реченици, да учите нови песнички…

Земете го и уживајте во заедничкото време исполнето со:

  • забава
  • насмевки
  • и многу, многу нови научени работи!

Затоа што секое дете заслужува да има правилен говор!

Дополнителни информации

Димензии:

125 x 190 mm, 60 стр.