Непознатата од Сена

240.00 ден

Купете го овој производ и добијте 2 поени!

Опис

Во една маглива декемвриска ноќ, пронајдена е една млада жена во водите на Сена, покрај Пон Неф. Гола, со амнезија, но жива.
Премногу вознемирена, однесена е во полициската болница во Париз… од каде бега по само неколку часа.
ДНК-анализите и фотографиите го откриваат нејзиниот идентитет: се работи за славната пијанистка Милена Бергман. Но тоа е невозможно, бидејќи Милена е мртва пред повеќе од една година во авионска незгода.
Рафаел, нејзиниот поранешен свршеник, и Роксана, џандарка, кревка по нејзината неодамнешна дискредитација, горат од желба да ја решат оваа истрага и да ја расветлат мистеријата: како може истовремено да се биде жив, а мртов?
„Францускиот господар на неизвесноста“
Њујорк Тајмс, САД
„Кралот на европскиот црн роман“
Ла Република, Италија
„Кај Мисо емоцијата е еден од главните акценти“
Фигаро Магазин, Франција
„Еден од најдобрите современи автори на трилери“
Дејли Експрес, Велика Британија

Дополнителни информации

Димензии

100/200mm ; 344 стр. мек повез