Ослободени

780.00 ден

Опис

Е. Л. ЏЕЈМС СЕ НАВРАЌА НА СВЕТОТ НА „ПЕДЕСЕТ НИЈАНСИ“, ОВОЈ ПАТ СО ПОДЛАБОК И ПОМРАЧЕН УВИД ВО ЉУБОВНАТА ПРИКАЗНА ШТО ВООДУШЕВИ МИЛИОНИ ЧИТАТЕЛИ ШИРУМ СВЕТОТ.

Срдечно сте поканети на свадбата на деценијата, каде Кристијан Греј ќе се жени со Анастасија Стил. Но, дали тој е скроен за брак? Татко му не е сосема сигурен, брат му сака да организира луда ергенска забава, а неговата свршеница одбива да вети дека ќе му се покорува… Секој брак си носи свои предизвици. Страста еден за друг гори пожешко и подлабоко од кога било, но пркосниот дух на Ана продолжува да ги буди најмрачните стравови на Кристијан и ја става на тест неговата потреба за контрола. Кога двајцата ќе се најдат загрозени од стари ривалства и гнев, една погрешна проценка се заканува да ги распарчи. Може ли Кристијан да ги надмине кошмарите од детството, и маките од младоста и да се спаси? И, дали ќе може да најде прошка и да ја прифати безусловната љубов на Ана откако ќе ја открие вистината за своето потекло? Може ли Кристијан конечно да се ослободи?

Дополнителни информации

Димензии

147/210 mm- 637 стр.