Анжелика – Патот кон Версај

750.00 ден

Купете го овој производ и добијте 8 поени!

Опис

Половината од XVII век е во Париз, градот на љубовта, но и на омразата. Колку негови жители воопшто и го знаат вистинскиот идентитет на госпоѓата Моран, продавачката на чоколадо, достоинствената дама која со задоволство е видена гостинка на сите салони.

 Откако си вети самата пред себеси дека нејзините деца – децата на едно од најголемите семејства во Франција – никогаш повеќе нема да трпат глад и студ, Анжелика преживува бројни перипетии и се втурнува во нова битка со судбината, не плашејќи се ниту од најстрашниот исход.

 Нејзините адути се убавината, стекнатото богатство и раскошот. Таа се потпира врз нив во таа опасна борба, во која се бори истовремено против сеништата на минатото и на сегашноста. Ќе ѝ треба многу сила и одважност за да го засени и да го привлече принцот Конде, кој се населил во величественото здание што за неа го изградил нејзиниот љубен и непрежален Жофри де Пејрак, и во таа немилосрдна партија ќе мора да заигра и на најодбивната карта, олицетворена во ликот на еден стар познаник, арогантниот маркиз ду Плесис-Белие, најсуровиот меѓу непријателите, а кој ќе ѝ се испречи на тешкиот пат кон дворот на Луј Четиринаесетти, Кралот Сонце.

Дополнителни информации

Димензии

152/238 mm ; брош повез, 506 страници