Топер ДОО се обврзува дека нема да ги злоупотребува личните податоци внесени при процесот на нарачка.
За лични податоци се сметаат податоците со кои се утврдува идентитетот на потрошувачот (како што се име и презиме, имеил, адреса на живеење и слично).
Топер ДОО нема да ги дава ниту открива личните податоци на потрошувачот, освен во случаи кога тоа го пропишува законот.
Сите податоци на потрошувачот се чуваат строго и им се достапни само на вработените во нашата компанија. Топер ДОО и неговите партнери се одговорни за почитување на условите за приватност.
Топер ДОО се обврзува дека ќе ги заштитува личните податоци на потрошувачот и дека ќе ги евидентира само основните податоци, потребни за тековната работа.
Податоците (како што се бројот на посети, времето поминато на страницата и слично) со кои се пристапува на интернет-страницата се евидентираат автоматски. Топер ДОО има право да ги користи исклучиво за оценување на посетеноста на интернет-страницата и за подобрување на нејзината содржина и функционалност.
Во случај на промена на кои било лични податоци (на пример, адреса на достава или број на стан) кои се евидентираат во процесот на регистрација, потрошувачот е должен за промената да го извести Топер ДОО. Во случај на промена за која не е известен, Топер ДОО не одговара за каков било недостаток во поглед на нарачката односно испораката на прозводот.
Горенаведените одредби за заштита на личните податоци се однесуваат исклучиво за почетната веб-страница toper.mk, како и за сите страници во рамки на toper.mk домејнот, но не и за останатите линкови поврзани со toper.mk домејнот.
© 2017 Топер ДОО. Сите права задржани.
Powered by nopCommerce | Developed by Pro nopCommerce