Најави се / Регистрирај се Кошничка (0)
Немате ставки во Вашата кошничка.
Слика на Во водата
Цена 270,00 ден
Категорија: Белетристика/трилери
Автор: Пола Хокинс
Димензии: 145/205mm -379 страници; мек повез

Во реката што тече во мало гратче, испливува мртвото тело на една самохрана мајка. Претходно истото лето, таква судбина доживеала и една ранлива тинејџерка. Тие не се првите жени чиј живот завршил во овие мрачни води, но нивната смрт ќе ја разбранува реката и нејзината историја, вадејќи ги на површина одамна закопаните тајни.
Петнаесетгодишна осамена тинејџерка останува сама. Без родители и без пријатели, сега е препуштена во рацете на сестрата на нејзината мајка, исплашена непозната жена која мора да се врати на местото од коешто побегнала, место на коешто ветила дека никогаш повеќе нема да се врати.
Со истиот поттикнувачки стил на пишување и проникливо разбирање на човековите инстинкти што плени милиони читатели во целиот свет, со нејзиниот експлозивен дебитантски трилер "Девојката од возот", Пола Хокинс овој пат ни носи напнато четиво полно со заплети, кое ќе ги задоволи вашите очекувања, четиво што се потпира на измамата на чувствата и сеќавањата, како и на разорните начини на коишто минатото може да ја испружи својата долга рака во сегашноста.
Чувајте се од мирна површина – никогаш не знаете што се крие под неа.

© 2017 Топер ДОО. Сите права задржани.

Powered by nopCommerce | Developed by Pro nopCommerce