Најави се / Регистрирај се Кошничка (0)
Немате ставки во Вашата кошничка.
Слика на Внимавај кој волк го храниш
Цена 420,00 ден
Категорија: Популарна психологија Автор: Кенан Црнкиќ Димензии: 143/175 mm – 148 страници; брош повез

Книгата „Внимавај кој волк го храниш“ е втората книга на овој популарен автор во неговиот препознатлив стил кој се карактеризира со леснотија во читањето. Одушевените читатели, како и големиот број на позитивни критики, коментари и реакции кој ја преплавија медиумската јавност се најдобра препорака за оваа книга да стане култен, балкански бестселер, како и првиот хит на Црнкиќ, „7 тајни на успехот“.

Книгата е напишана на едноставен јазик, преполна е со позитивни и корисни совети кои произведуваат инстант мотивација. Ова е книга што се чита во еден здив, но и на која постојано се враќаме пронаоѓајќи нова смисла и одговори со секое ново читање.

Брилијантни и необични приказни кои лесно се паметат и прераскажуваат, одличен почеток кој ќе ве заинтригира и ефективен крај кој ќе ве натера да размислувате, се само неколку причини зошто оваа книга едноставно не се испушта од раце и зошто е прав подарок за вашите најблиски. Среќата се зголемува кога се споделува.

© 2017 Топер ДОО. Сите права задржани.

Powered by nopCommerce | Developed by Pro nopCommerce