Најави се / Регистрирај се Кошничка (0)
Немате ставки во Вашата кошничка.

Услови и правила на користење

Добредојдовте на toper.mk. Со вашиот пристап во е-продавницата, се согласувате со општите одредби објавени подолу. Ве молиме прочитајте ги внимателно. toper.mk е е-продавницата каде ќе можете да купувате и да разменувате мислења и искуства во врска со вашите омилени книги. Топер ДОО е единствен сопственик на toper.mk.

Заштита на лични податоци

Заштитата на вашите лични податоци подетално е опишана во делот Заштита на лични податоци.

Електронска комуникација

Со вашата посета на toper.mk или со испраќање на е-порака, воспоставувате електронска комуникација со нас. Од наша страна може да добиете повратен одговор преку е-пораки и/или известувањата ќе бидат прикажани на веб страницата. Преносот на податоците се врши на серверот на toper.mk. Со регистрацијата добивате можност за известувања за промоции, попусти, акции и нови производи. Доколку не сакате да ги добивате овие информативни билтени, Ве молиме да не известите.
Регистрираните членови на toper.mk се согласуваат да добиваат информативни и промотивни билтени, во кои ќе бидат застапени содржини поврзани со понудите на Топер ДОО.

Вашето корисничко име и лозинка

Со најавување на нашиот систем, toper.mk, одговорни сте за одржување на приватноста на вашето корисничко име и лозинка, како и за ограничен влез во вашиот компјутер и се согласувате да ја превземете одговорноста за сите активности кои ќе се одвиваат со вашето корисничко име. Продажбата на малолетни лица под 18 годишна возраст не е дозволена без надзор од родител, односно доколку имате под 18 години, можете да ги користите услугите на toper.mk единствено со придружба на родител или старател, кој ќе одговара за плаќањето со неговата/нејзината дебитна или кредитна картичка.

Употреба на лични податоци

Примарна цел при прибирање на личните информации е да Ви обезбедиме сигурно, лесно и ефикасно искуство. Вие се согласувате дека можеме да ги користиме вашите лични податоци за:

  • Да ви ги овозможиме услугите и поддршката кои ќе ги побарате
  • Решавање на спорови или решавање на проблеми
  • Прилагодување, мерење и подобрување на нашите услуги и содржина на веб страницата

Опис на производот

Toпер ДОО не гарантира дека описите на производите се без грешки. Доколку производот понуден и добиен од toper.mk не е во согласност со описот, ваше право е да го вратите неоштетен и неупотребен.

Цени

Сите цени на сајтот се изразени во денари и не ги вклучуваат трошоците за пакување и дистрибуција. Трошоците за за пакување и дистрибуција се прикажуваат во вашата кошничка пред потврдување на нарачката и извршување на плаќањето.

Авторски права

Сите содржини на овој веб портал, како текст, слики, лого, икони, дигитални преземања и софтвер се во сопственост на toper.mk и секоја употреба на истите за иста или слична дејност се казнува со закон.

Ограничување од одговорност

Топер ДОО ги презема сите расположиви мерки да овозможи највисока сигурност и безбедност на веб страницата. Меѓутоа, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и Вие би биле засегнати. Вие се согласувате да ја употребувате нашата веб страница на сопствен ризик.

Законски одредби

Со посетата на toper.mk се согласувате со овие општи одредби, политиките спомнати во овие општи одредби и со сите релевантни закони на Република Македонија.

Електронска фактура

Со секоја успешно извршена нарачка и уплата од системот на toper.mk по електронска пошта ќе добиете електронска фактура која има третман на валидна оригинална фактура. Во случај кога купувањето е извршено од правно лице кое има потреба од испечатена фактура (со печат и потпис), истата ќе може да ја добие во просториите на Топер ДОО.

Претходно наведените правила се воведени за што поуспешна соработка и комуникација со нашите корисници како и добра интеракција меѓу корисниците.

© 2017 Топер ДОО. Сите права задржани.

Powered by nopCommerce | Developed by Pro nopCommerce