Најави се / Регистрирај се Кошничка (0)
Немате ставки во Вашата кошничка.
Слика на Семејството на Симон
Цена 240,00 ден
Категорија: Белетристика, Трилер Автор: Маријане Фредриксон Димензии: 145/205mm -291 страници; брош повез

Уште во своето детство, Симон Ларсон имаше чувство дека нешто од неговото минатото не се совпаѓа. Пространото море што ги удира шведските брегови му буди чувство на осаменост и потреба за конекција и слобода. Но слобода од што? И зошто Симон се чувствува толку осамено кога има прекрасно семејство што го сака? Неговата мајка, Карин, е глава на куќата, и личност која секогаш е подготвена да помогне. Ерик, татко му, живее за едноставниот сон, еден ден да има бродоградилиште. Историјата ги присилила овие луѓе да кријат страшна тајна од Симон – еден ден, ако тајната се открие, може да ги уништи нивните животи.
Додека Втората светска војна фрла сенка на Европа, а Ерик го регрутираат во борба, Симон склопува необично пријателство со неговиот соученик, евреинот Исак Лентов. Ова пријателство засекогаш ќе ги промени нивните животи и ќе ги спои нивните семејства изложени на срам, предавство, војна и лудило.

Но нештата се менуваат и никој нема да остане ист...

© 2017 Топер ДОО. Сите права задржани.

Powered by nopCommerce | Developed by Pro nopCommerce