Танц со змејовите

499.00 ден

Опис

Иднината на Седумте кралства виси на конец. На исток Денерис од куќа Таргериен, чии змејови сега се веќе пораснати во страшни ѕверови, владее како кралица со град подигнат на прав и смрт, опколена од непријатели.
Бидејќи конечно се разбира каде е таа, многу ја бараат Денерис и нејзините змејови. Помеѓу нив е и кепецот Тирион анистер, кој избега од Кралското пристаниште со реална закана дека ќе ја изгуби главата, а имено, осуден на смрт за убиството на својот внук, кралот Џофри. Во меѓувреме го уби својот омразен татко, лорд Тивин.
На север се простира големиот Ѕид од мраз и камен – препрека силна, колку и луѓето што ја бранат. Копилето на лорд Едард Старк, Џон Сноу, е избран за 998. лорд заповедник на Ноќната стража, но тој има непријатели и во самата Стража и од онаа страна на Ѕидот, каде се собира огромна и ужасна сила. На сите страни повторно се појавуваат огорчени судири, а во нив се исткаени бројни, незаборавни и неодоливи ликови, од криминалец до свештеник, од војник до волшебник, од благородник до роб. Плимите на судбината сигурно водат кон најголемиот танц досега…

Дополнителни информации

Димензии

145/205 mm -492 страници; мек повез