Семејството на Симон

240.00 ден

Опис

Уште во своето детство, Симон Ларсон имаше чувство дека нешто од неговото минатото не се совпаѓа. Пространото море што ги удира шведските брегови му буди чувство на осаменост и потреба за конекција и слобода. Но слобода од што? И зошто Симон се чувствува толку осамено кога има прекрасно семејство што го сака? Неговата мајка, Карин, е глава на куќата, и личност која секогаш е подготвена да помогне. Ерик, татко му, живее за едноставниот сон, еден ден да има бродоградилиште. Историјата ги присилила овие луѓе да кријат страшна тајна од Симон – еден ден, ако тајната се открие, може да ги уништи нивните животи.
Додека Втората светска војна фрла сенка на Европа, а Ерик го регрутираат во борба, Симон склопува необично пријателство со неговиот соученик, евреинот Исак Лентов. Ова пријателство засекогаш ќе ги промени нивните животи и ќе ги спои нивните семејства изложени на срам, предавство, војна и лудило.

Но нештата се менуваат и никој нема да остане ист…

Дополнителни информации

Димензии

145/205mm -291 страници; брош повез