Опис
Во стихуваната сликовница „Ноли и детелинката“ ќе се сретнете
со многу интересни ликови. Нив нема да ги најдете во други сказни и
приказни или други песни што веќе ви ги читале или раскажувале…
Овие се тука некаде, во некој парк, ливада или градина и вие веќе сте ги
виделе, а можеби некого од нив и ќе препознаете…
Ќе се дружите со детелинката Лени, девојчето Ноли, цветот Лале,
пеперутката Лете и Мама. А што се случило меѓу нив, кој како постапил
па станал среќен, а кој пак останал тажен и замислен, низ стиховите ќе ве
води раскажувачот Вера Андон.