Најубавата девојка на Куба

450.00 ден

Купете го овој производ и добијте 5 поени!

Опис

Кон крајот на деветнаесеттиот век три жени, револуционерки, се борат за слобода во фасцинантниот нов роман на Шанел Клитон, авторката на најпродавани наслови на списокот на Њујорк тајмс, инаку инспириран од настани од реалниот живот и од вистинската приказна за легендарната Кубанка по име Еванхелина Сиснерос, која го сменила текот на историјата.

За време на златната доба во Њујорк Сити беснее вистинска војна меѓу моќниците на тогашните весници, Вилијам Рендолф Херст и Џозеф Пулицер. Кога во 1896 година Грејс Харингтон се вработува во весникот на Херст, навлегува во еден крајно суров и напнат свет, во кој само една вест до која доаѓа новинарот пред другите може да му ја создаде или да му ја уништи кариерата; а нејзиниот живот го менува токму една сторија што настанува на Куба.

Неправедно осудена и фрлена во еден злогласен хавански женски затвор, осумнаесетгодишната Еванхелина Сиснерос сонува за Куба ослободена од шпанското угнетување. Кога Херст дознава за нејзината мака и бомбастично го става нејзиното лице на насловната страница на својот весник, нарекувајќи ја најубавата девојка на Куба, Еванхелина станува гласен повик за американска интервенција во борбата за независност на Куба.

Со помош од Марина Перес, која како курир скришно им помага на кубанските револуционери во Хавана, Грејс и вработените на Херст се обидуваат да ја ослободат Еванхелина. Но, кога протераните кубански цивили со сила се собираат во логори за реконцентрација и откако експлозијата на американскиот воен брод „Мејн“ ги втурнува Соединетите Американски Држави и Шпанија во меѓусебна војна, овие три жени мора да ризикуваат сè во својата борба за слобода.

Дополнителни информации

Димензии

145/205mm – 411 страници; брош повез