Мал божиќен театар

199.00 ден

Категории: ,

Опис

Обичајот, да се игра Вертеп за Божик, е многу стар. На Бадник се собирале деца или глумци, кои со помош на кукли ја прикажувале приказната за раѓањето на Исус Христос. Во старословенскиот јазик, зборот Вертеп означува пештера. Во оваа книга за вас подготвивме една мала божикна пештера, која можете да ја склопите без да употребите ножици и лепак и да ја поставите на масата во вашиот дом. Ликовите на мудреците, ангелите, овчарите, овците и децата така се поставени што можат да се поместуваат и децата посликовито можат да си ги претстават настаните кои се случиле во светата ноќ на Раѓањето.
Доколку додатно се потрудите околу декорацијата, Вертеп можете да го осветлите со запалена празнична свеќа (секако децата не треба да се остават сами покрај пламенот на свеќата). Тогаш, Големата Витлеемска ѕвезда уште повеќе ќе засветли и децата со своите чисти срца ќе воскликнат заедно со овчарите: Христос навистина се роди!

Дополнителни информации

Димензии

230/340 mm;брош повез и илустрации во боја