Опис
Македонската кујна е неповторливо доживување на различни вкусови преточени во овој готвач низ понудените рецепти. Тавче гравче, пастрмајлија, разни видови макала, пити и зелници што ги меселе нашите баби но и денешните домаќинки. Сарма, полнети пиперки и уште стотина рецепти автентични на ова поднебје ви ги откриваме како дел од нашата вековна култура со која се гордееме! Мекедонците, поради богатата македонска кујна се навистина гурмански народ кој знае како да ја подготви, но и да ја консумира храната, да ја почитува како трајна вредност и да ја пренесе на следните генерации.