Опис
Џек Меккинли и неговите пријатели се бореа рамо
до рамо во речиси невозможна мисија за враќање на
изгубените локулуси скриени во Седумте чуда на
античкиот свет. Тие го поразија Колосот од Родос,
го посетија древниот Вавилон, ги надиграа легиите
на неживите и се бореа со еден од најмоќните
кралеви во историјата за да вратат четири локулуси,
но овие успеси имаа своја цена. Изгубени пријатели,
уништени антички артефакти и голем дел од моќите
што тие ги развија наскоро ќе ги поразат. Со нова
закана за развојот на нивната мисија, времето брзо
истекува за да се најде последниот од изгубените
локулуси.
Кога пријателите несвесно го ослободија долго
време заробениот крал Улар од внатрешноста на
изгубената статуа на Зевс, владетел на Атлантида,
тој успеа да избега од нивната стапица, ја киднапира
Али и патува назад низ расед во времето и во
просторот, со локулусот в рака. Бидејќи фали
клучниот дел од сложувалката, балансот на
магијата е нарушен и изгубениот континент станува
нестабилен. Единствената шанса на избраните да
ги спасат својата пријателка и светот е да ја завршат
својата потрага веднаш.
Избраните тргнуваат во финална, епска авантура
до Храмот на Артемида во Ефес и до Светилникот
во Александрија – со цел да ги најдат исчезнатите
локулуси. Само тогаш тие ќе можат да се вратат
преку раседот за да ја спасат Али, да го поразат
кралот Улар и да го вратат Локулусот на силата пред
тој да се изгуби во времето. Тоа е трка против крајот
на сите времиња, во возбудливиот последен дел од
најпродаваната серија на Њујорк тајмс за Седумте
чуда, на врвниот раскажувач Питер Леранџис.