Опис
Работата со деца, секојдневната грижа за нивното воспитание и образование, моментите кои ги споделуваме и во кои сме сите активни учесници се инспирација за “Зебричка” да го доживее своето “раѓање”. Истовремено книгата е производ на потребите на учениците од одделенска настава, кои се соочуваат со училишното секојдневие и различно реагираат во одредени ситуации. ”Зебричка” ја посветуваме на сите деца кои го започнуваат дружењето во училишните клупи и се соочуваат со нови и непознати ситуации “изрежирани” од детството. Се надеваме дека оваа повеќеслојна книга ќе допре до учениците, до нивните родители и до наставниците. Со вашето учество во споделувањето на настаните, ќе ни помогнете заедно да ја следиме животната приказна на Јасмин.