Збогум, Жанет

270.00 ден

Опис

Благодарение на остриот инстинкт и богатата сензуалност, Тања Појарска успева да го преживее виорот на Втората светска војна и да стекне големо богатство. Нејзините две ќерки ја наследија мајчината убавина, страст –и завештание- болката и амбицијата. Од детството полно со мрачни сексуални стравотии, Жанет се издига до богатство и слава како божица на високата мода- додека нејзината полусестра, Лорен, се вклучува во вртоглавата сцена на светската декаденција што за малку ќе ја уништи. Од Франција под нацистичка окупација до Њујорк, Калифорнија и Сен Тропе, трите исклучителни жени се обидуваат да ја сочуваат тајната на заедничкото минато- и се осмелуваат да ги остварат своите најсмели сништа. Во романот Збогум Жанет, Харолд Робинс го открива светот на богатството, моќта и еротиката- во кој убавината и сексуалноста се обожаваат, купуваат и продаваат , свет во кој три жени се борат за исполнување на своите желби.

Дополнителни информации

Димензии

120/210 mm- 381 стр.