Најави се / Регистрирај се Кошничка (0)
Немате ставки во Вашата кошничка.
Слика на Последното што тој ми го кажа

Последното што тој ми го кажа

Цена 350,00 ден
Категорија: Белетристика, Трилер Автор: Лаура Дејв Димензии: 145/205mm -283 страници; брош повез

БЕСТСЕЛЕР БРОЈ ЕДЕН НА „ЊУЈОРК ТАЈМС“

КНИГА ВО ИЗБОРОТ НА КНИЖЕВНИОТ КЛУБ „РИЗ ВИДЕРСПУН“

МНОГУ ОЧЕКУВАНАТА, НАЈДОБРА КНИГА ЗА ЛЕТОВО ВО ИЗБОРОТ НА „ВОГ“, „ЈУ-ЕС-ЕЈ ТУДЕЈ“, „ЕНТЕРТЕЈНМЕНТ ВИКЛИ“, „СИ-ЕН-ЕН“, „ТАУН ЕНД КАНТРИ“, „ПАРЕЈД“, „БАСЛ“ И ДРУГИ!

 „Неодоливо возбудлива“ (според „Ентертејнмент викли“) мистерија за една жена што мисли дека ја нашла љубовта на својот живот – сè до мигот кога тој ќе исчезне.

Пред да исчезне, Овен Мајклс кришум ѝ праќа куса порака на својата љубена сопруга со која е во брак една година: Заштити ја. Иако е збунета и исплашена, Хана Хол точно знае на кого се однесуваат тие зборови – на Овеновата шеснаесетгодишна ќерка Бејли. Бејли, која како дете трагично ја изгубила мајка си. Бејли, која не сака да има апсолутно ништо со својата маќеа.

Хана не добива никаков одговор на сè поочајните повици до Овен, од ФБИ го апсат претпоставениот на Овен, американски федерален маршал и федерални агенти без најава ѝ се појавуваат на куќниот праг во Саусалито, и, по сето тоа, Хана брзо сфаќа дека нејзиниот сопруг не е тој што велел дека е, но и дека, веројатно, токму кај Бејли се наоѓа клучот за вистинскиот идентитет на Овен – и, зошто, всушност, исчезнал.

Хана и Бејли решаваат да ја откријат вистината. Но, кога почнуваат да ги составуваат делчињата од минатото на Овен, сфаќаат дека истовремено заедно градат и една нова иднина – иднина што ниедна од нив не можела да ја замисли ни на сон.

© 2017 Топер ДОО. Сите права задржани.

Powered by nopCommerce | Developed by Pro nopCommerce