Најави се / Регистрирај се Кошничка (0)
Немате ставки во Вашата кошничка.
Слика на Последното нешто што ми го кажа таа

Последното нешто што ми го кажа таа

Цена 420,00 ден
Категорија: Белетристика/трилер Автор: Линда Грин Димензии: 145/205mm – 310 страници; брош повез
Непосредно пред својата смрт, бабата на Никола, Бети, ѝ шепоти дека на крајот од дворот се наоѓаат нејзините деца. Мајката на Никола, пак, тврди дека станува збор за бесмислени и неповрзани зборови изговорени од страна на жена што се наоѓа на смртна постела.
Но кога ќерката на Никола ќе пронајде коска додека си игра во градината на Бети, станува јасно дека градината крие страшни и мрачни тајни од минатото.
Дали откривањето на болните семејни тајни ќе го уништи семејството на Никола?
„Линда Грин станува сѐ подобра и подобра, а овој роман е еден од најдобрите што ќе ги прочитате оваа година“.
Џо Спеин, авторка на романот „Признание“.
„Емотивно и трогателно. Страниците како да се вртат самите од себе, а напнатото четиво ве принудува на размислување“.
Џејн Кори, авторка на романот „The Dead Ex“.

© 2017 Топер ДОО. Сите права задржани.

Powered by nopCommerce | Developed by Pro nopCommerce