Најави се / Регистрирај се Кошничка (0)
Немате ставки во Вашата кошничка.
Слика на Наследство
Цена 399,00 ден
Категорија: Белетристика/љубовни
Автор: Хана Филдинг
Димензии: 145/205mm -445 страници; мек повез

Лето, 2011 - Една млада новинарка оди на тајна задача во Шпанија и сфаќа дека нејзината лојалност е ставена на проба кога љубовта и страста разоткриваат неочекувани тајни. Кога Луна Вард, убава, тукушто дипломирана девојка со ледено руса коса, е назначена од едно од водечките научни списанија во Њујорк да истражува во врска со главниот раководител на шпанската клиника за алтернативна медицина, таа ја зграпчува шансата. Но, нејзиниот живот станува многу покомплициран откако ќе го сретне човекот за кој и' е наложено да го разоткрие.

Луна смета дека Родриго де Руеда Калдерон е брилијантен, отворен тип, специјалист за онкологија со неодолив, мрачен цигански изглед и ѓаволска смисла за хумор. Тие двајца неповратно се привлечени еден кон друг, но како таа би можела да и' се предаде на страста што е спротивна на здравиот разум? И како тој би можел некогаш да научи да и' верува на личност што го крие својот идентитет од него, иако и тој има своја ужасна тајна?

© 2017 Топер ДОО. Сите права задржани.

Powered by nopCommerce | Developed by Pro nopCommerce