Најави се / Регистрирај се Кошничка (0)
Немате ставки во Вашата кошничка.
Слика на Марсовата соба
Цена ден 270,00
Категорија: Белетристика/драма Автор: Рејчел Кушнер Димензии: 145/205mm – 320 страници; брош повез

Роми Хол, самохрана мајка на петгодишен син, вработена во ноќни клубови и некогашна зависничка од дрога, извршила навидум непростливо, необјасниво убиство за кое е казнета според законот. Сега е на почеток на издржувањето на две доживотни казни едноподруго.
Надвор е светот од кој е отсечена: Сан Франциско на нејзината младост и нејзиното семејство. Внатре е новата реалност: илјадници жени што се грабаат за неопходните работи за преживување, блефирање и глума, покрај насилството, кое е еднакво и меѓу стражарите и меѓу затворениците; апсурдноста на затвореничкиот живот.
Затворот добива неспоредливо пошироко значење додека го гледаме животот на Роми: луѓето се ограничени и се однапред осудени на своите расни гета, на своите сексуални определби, на својата сиромаштија, на својата необразованост, на секој недостиг од помош, која би морала да им ја даде заедницата, на сопствената тесноградост.
И додека романот нѐ обзема со својот гнев, чувствата и безнадежноста, неговата прецизна, храбра и трагична, динамична, а, сепак, прекрасно рафинирана приказна проткаена со блескава смисла за хумор и со бујна и разиграна живост, до самиот крај не нѐ испушта од раце.

© 2017 Топер ДОО. Сите права задржани.

Powered by nopCommerce | Developed by Pro nopCommerce