Скандал и чест

399.00 ден

Купете го овој производ и добијте 4 поени!

Опис

Патот на самооткривање води една млада жена во светот на забранета страст, дива убавина и на одмазда. Пролет, 1950 година, Александра де Фала, писателка од англо-шпанско потекло, го напушта својот привилегиран, но задушлив живот во Лондон и заминува за Шпанија за да се сретне со своето одамна загубено семејство. Но, место чувството на припадност, по кое копнее, во семејството Де Фала вријат емоции во канџите на обичаите и на традицијата на Андалузија, кои се непознати за Александра. Покрај чудните ликови и општиот интензитет на земјата, Александра запознава еден човек, кој во неа ќе разбуди емоции што воопшто не знаела дека ги има. Но, на нивниот пат се појавуваат многу пречки: опасни ривали, непредвидливи настани и големи скандали. Каква ќе биде судбината на Александра во оваа разиграна земја на драма и на страст, каде што врелата крв се пролева низ арените при борбите со бикови, мистичните Цигани шират магија и желба за одмазда, а прекрасни танчарки ги кријат своите тајни зад разнобојните лепези? “Скандал и чест” е приказна за љубов, откривање на корените и за спротивставени идеали при потрагата по среќа. Но може ли љубовта да преживее во свет во кој скандалот и опасноста се секогаш присутни?

Дополнителни информации

Димензии

145/205mm -460 страници; мек повез