Најави се / Регистрирај се Кошничка (0)
Немате ставки во Вашата кошничка.
Слика на Седум години подоцна
Цена ден 199,00
Категорија: Белетристика
Автор: Гијом Мисо
Димензии: 105/200 mm- 358стр.

Боем и уметничка со опасен карактер, Ники ќе внесе виор на свежина во стабилниот и беспрекорно среден живот на Себастијан. Тие се пример за два сосема спротивни карактера, ама љубовта ќе пламне меѓу нив со незамислив интезитет. Набргу ќе се венчаат и ќе ги добијат близнаците Камила и Џереми. Ама бракот неминовно тргнува кон горкиот крај: осудување, афери, презирање... По бурниот развод, двајцата родители добиваат старателство на по едно дете. Себастијан ќерката ќе ја воспитува строго, додека Ники кон синот ќе има поблаги ставови и ќе му прогледува низ прсти за неговите детски будалаштини. Годините незабележливо си поминуваат. Двајцата повторно ќе си го изградат својот живот што подалеку еден од друг. Кога еден ден Џереми го снемува се јавува дилема. Дали побегнал од дома? Или е киднапиран? Ники нема друг избор - мора да му се обрати за помош на својот поранешен маж, кој го нема видено речиси седум години. За да го спасат тоа што им е највредно, Себастијан и Ники ќе мора да ги здружат силите и да тргнат во потрага по синот. Близината си го прави своето, па тие ќе ја почувствуваат привлечноста што одамна ја имаат почувствувана и ќе се прашаат дали е, навистина, засекогаш се загубено...

© 2017 Топер ДОО. Сите права задржани.

Powered by nopCommerce | Developed by Pro nopCommerce