На Балканот и дождот мириса поинаку

288.00 ден

Купете го овој производ и добијте 3 поени!

Опис

Гордана Каиќ е родена во е родена во Белград. Заврши англиски јазик и книжевност на филолошкиот факултет на Белградскиот универзитет и на колеџот Хантер во Њујорк. Работеше како советник за англиски јазик во Американската амбасада во Белград, како советник во AYUSA Internacional во Белград, и како администратор за англиски јазик во источна Европа и за хуманитарната помош за поранешните југословенски републики во фондацијата на Сорос во Њујорк. Живее и работи во Белград и Њујорк. “….Во настојување да ја прикаже судбината на едно еврејско семејство од нашето поднебје, авторот всушност отиде многу подалеку: покажа дека од неминовноста на историјата не може да се побегне. Ја наслика историјата како змеј којшто во циклични периоди се враќа, но и како налудничав шегаџија кој во секој момент е подготвен да ја смени бојата на фигурите со кои си игра. На Балканот и дождот мириса поинаку е значаен придонес на оскудната еврејска литература кај нас, но со оглед на тоа дека пресвртните моменти во историјата на тукашната еврејска заедница во исто време се и пресвртни моменти на целата наша земја, нејзината историја се отсликува во трагичната историја на едно еврејско семејство, тогаш овој роман ги прераснува тесните граници на таквата определба и неговото значење станува значително пошироко.” ОД РЕЦЕНЗИЈАТА НА ДАВИД АЛБАХАРИ

Дополнителни информации

Димензии

150/210 mm-487 страници; брош повез