Најави се / Регистрирај се Кошничка (0)
Немате ставки во Вашата кошничка.
Слика на Жената од кабината број 10

Жената од кабината број 10

Цена ден 270,00
Категорија: Белетристика, Трилер Автор: Рут Веар Димензии: 145/205mm -311 страници; брош повез
Најпродаваниот автор на „Њујорк тајмс“, Рут Веар, авторката на романот трилер/мистерија „Во една мрачна, мрачна шума“, ни го подарува своето ново дело „Жената во кабината бр.10“, подеднакво напнат роман кој ве опседнува – но овој пат, приказната се одвива на море.
Во оваа импресивна, фасцинантна приказна која потсетува на делата на Агата Кристи, Ло Блеклок, новинарка која пишува за списание специјализирано за патувања, ја добива задачата на својот живот: една недела на луксузно крстосување на брод со само неколку кабини. Небото е чисто, водата мирна, а префинетите, избрани гости се пријатни како и ексклузивниот брод Аурора, кој го започнува своето патување во живописното Северно Море. Во почетокот, престојот на Ло е сосема пријатен: кабините се луксузни, вечерните забави се блескави, а гостите елегантни. Но, како што изминува неделата, студените ветрови безмилосно удираат на палубата, небото станува сиво, а Ло сведочи на она што таа може да го опише само како мрачен и застрашувачки кошмар: една жена е фрлена во морето. Проблем? Сите патници стануваат осомничени и се земени предвид – и така, бродот плови како ништо да не се случило, и покрај очајните обиди на Ло да пренесе дека нешто (или некој) тргнало во ужасно, ужасно погрешна насока...

 

 

© 2017 Топер ДОО. Сите права задржани.

Powered by nopCommerce | Developed by Pro nopCommerce